Категории

Ситуации во кои љубовта не е возможна

Многу од нас растеа со приказните дека љубовта може да победи се бидејќи ако постојат чувства ништо друго не е важно.

Но, драги дами време е да се вратиме во реалноста.

Прочитајте во продолжение во кои ситуации љубовта едноставно не е доволна.

1. Ве сака, но не може да биде верен…иако постојано ви се враќа и тврди дека навистина ве сака, едноставно не може да им одолее на другите жени.

Верувајте, тој не ве лаже кога ви вели дека тоа што го чувствува за вас е љубов, но некои луѓе не можат да бидат верни и тука нема помош.

2. Сакате различни работи…тој сака венчавка и деца колку што е можно порано, а вие тоа го оставате за во иднина. Тој сака да живеете во странство, а вие би останале тука.

За жал, љубовта нема решение кога луѓето сакаат различни нешта. Иако постојат компромиси, секогаш е тука прашањето дали вистински ќе бидат задоволени вашите потреби.

3. Кога неговото/вашето семејство е против врската…колку и да инсистирате дека туѓото мислење не е важно верувајте не е баш така.
Мислењето на луѓето кои ве сакаат и кои ги сакате е важно. Без поддршката од најдрагите ретко кој однос ќе успее.

4. Кога тој е премногу млад/возрасен

Иако ќе слушнете дека љубовта не ги брои годините, признајте дека не е баш така.

Без разлика колку се сакате, премногу несериозно момче нема да ги исполни вашите очекувања исто онака како што премногу возрасен партнер што може да ве кочи.

Секако дека годините не се главен критериум, сепак немојте да дозволите пореди нешто да бидете несреќни.

Прегледи:
374
Објавено на:
01.06.2016