Според истражувањето, сивите фоки може да ги имитираат звуците на човечкиот говор и песните.
Научниците од Шкотска соопштија дека сивите фоки може да ги имитираат звуците на човечкиот говор и песните како што е познатата песна за бебиња „Twinkle, twinkle, little star“.
Три истренирани фоки можеле да имитираат делови од оваа популарна мелодија.
Истражувањето кое било направено им помогнало на научниците подобро да ги разберат еволуцијата на вокалното учење и развојот на човечкиот јазик.
Според истражувањето, фоките би можеле да бидат нов модел за проучување на проблемите со пореметувањето на говорот.
Во прилог можете да погледнете видео на кое се гледа дел од изведбите на фоките.