Непознато лице скокна со падобран од највисоката зграда Шард во Лондон, пренесе АП.
Американската агенција повикувајќи се на изјави на сведоци, фотографии и видео записи објавени на социјалните мрежи наведува дека човекот со зелен падобран скокнал од зградата Шард и сигурно се спуштил на една улица близу метро станица, со кој потоа побегнал.
Ова е прв забележан „base jump“ од 2012 година и завршувањето на изградбата на зградата Шард која е висока 310 метри и има 95 нивоа. Екстремните спортисти пред завршувањето на изградбата извеле неколку скокови од овој облакодер.
https://www.youtube.com/watch?v=nM96DWJXjYw