Категории

СРЕЌЕН ТИП: Скопјанец ”фати” 160.000 евра во кладилница

Од обложувалницата „Моцарт“ објавија дека го имаме новиот „крал на обложувањето“ во Македонија. 

Имено, Скопјанец со вложни 100 евра успеал да добие нешто повеќе од 160 илјади евра – станува збор за најголемата регистрирана добивка во историјата на спортското обложување во нашата земја.

Добивката е остварена на пет тикети. Скопјанецот одиграл пет исти типови на четири тикети, при што на еден го изоставил мечот Астон Вила – Манчестер Сити. На останатите тикети одиграл систем, но сеедно ги погодил сите типови и вкупно заработил 160 илјади евра.

За да биде сето ова поинтересно, за вистинска драма се погрижил италијанскиот пар, односно дуелот помеѓу Сасуоло и Рома. Имено, Рома имаше предност на полувремето од 0:1, а драматично било во завршницата од дуелот кога Берарди промаши пенал за домаќините, па на крај, во самото судиско продолжение Ел Шарави погоди за 0:2 и со тоа на среќниот Скопјанец му ја обезбеди најголемата добивка. Честитки!

Прегледи:
915
Објавено на:
08.02.2016