Категории

Фото: Скопјанец со 20 денари ги ”затвори” обложувалниците

Ни самиот веројатно не верувал дека ливчето кое го пополнил во спортска обложувачница на крај ќе му донесе добивка каква што не можел ни да се надева дека е остварлива за таа уплата.

Тој уплатил 20 денари за 20 натпревари и сите ги погодил. Добивката што му е пресметана е речиси за осум илјади пати поголема од сумата за уплата. Откако ќе се одземе данокот, овој млад среќник за уплата од само 20 денари, добил речиси 160 илјади денари односно поточно 157.537 денари. Тоа е отприлика 2.600 евра.

livce_-_b1

Прегледи:
619
Објавено на:
21.02.2016