Категории

Скопје танцовиот театар на сите љубители на танцот им го честита Светскиот ден на танцот 2020!

Скопје танцовиот театар на сите љубители на танцот им го честита Светскиот ден на танцот 2020!

На вчерашен ден беше планирано и официјално да се затвори шеснаесетотто издание на Танц Фест 2020, со свечено одбележување на 30-годишниот јубилеј на постоење современа танцова сцена во земјата, настани кои се одложени за наесен, кога е предвидено да продолжат сите редовни активности во областа на танцот.

„На сите љубители на танцот, на нашата верна публика, партнери и долгогодишни пријатели, со големо задоволство им го честитаме Светскиот ден на танцот! По овој повод, танчерите на Скопје танцовиот театар подготвија видео порака, насловена „Збор“, за да го одбележи денот кој за нас има огромно значење во овие моменти. Ги поздравуваме пораките кои за оваа прилика ги упатија нашиот реномиран балетски уемтник Александар Хаџиманов, како и Грегориј Вујани Макома, кореограф од Јужна Африка кој испрати интернационална порака, и со ова видео, на свој начин сакаме да обезбедиме и свој придонес за одбележување на овој ден“, вели Рисима Рисимкин, кореограф и уметнички директор.

Во подготовката на видеото учествуваа танчерите на Скопје танцовиот театар – Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, Бобан Русески, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Исидора Краљевска, Борис Богдановски и Ивана Балабанова.