Овие десет реченици морате да ги изговорите на својата пријателка или пријател во периодот на преболување. Доколку вие сте во таков период од животот, прочитајте ги, ќе ви направат да се чувствувате подобро.
1. Времето ги лечи сите рани. Иако оваа реченица е тотално клише, навистина е така – за некоја годна повеќе нема ни да ја паметите оваа личност, а и доколку ја паметите воопшт нема да се грижите за неа.
2. Се се случува со причина. Не сте случајно во ваков период од животот, тоа значи дека заслужувате нешто подобро во иднина.
3. Беше убаво додека траеше. А сега продолжете понатаму! Нема поента да се враќате наназад анализирајќи ги спомените од минатото.
4. Избриши ги солзите, стани и намести ја круната. И насмеј се!
5. Одиме на пијачка! Да бидеме искрени – тоа е секогаш добро решение.
6. Ти заслужуваш многу повеќе од ова.
7. Оваа непријатна болка ќе ја снема со тек на време. Како и секоја друга…
8. Исплачи се, тоа е добро за душата.
9. Секогаш бидете тука за пријателите кога се во ваква ситуација, а доколку вас ви се случува тоа, барајте ја нивната поддршка.
10. Што и да одлучиш имаш поддршка од најблиските. Без обзир на тоа за каква глупост станува збор.