Категории

Слабеење со млеко за итни случаи – 5 кг за помалку од една недела

Диетата со млечни производи е генерално тешка, но крајниот резултат од неа е импресивен. Овој режим на исхрана е многу строг, нагласувајќи го целосно млекото.

Во него и во неговите деривати се содржат калциум, протеини и други вредни супстанции, кои се неизмерно корисни за здравјето. Според последните научни податоци од истражувањата со нискокалорична диета, суштински се олеснува процесот на губење на тежината и отстранување на вишокот на масти.

Научниците сметаат дека високата содржина на калциум ја намалува продукцијата на калцитриолата, што пак од своја страна предизвикува масните клетки не само да губат масти, но и ги пушта механизмите на согорување на масното ткиво.

Важно е да се знае дека недостатокот во телото на калциум ги стимулира процесите на акумулација на масти. Покрај тоа калциумот штити од губење на мускулната маса за време на слабеењето.

Нормалното количество калциум, потребно за човекот е 1500­2500 мг. за едно деноноќие. Диетата со млечни производи е исклучително добра опција за брзо симнување на килограми. Покрај тоа, додека го почитувате режимот нема да му наштетите на организмот, бидејќи млекото е една од најкорисната храна за човекот.

понеделник

Појадок – Кафе со млеко или само млеко ­Колку ви се пие;

Ручек – јогурт со мусли;

Вечера – компир салата со млеко (се вари во кеса колку ви се јаде компир, додадете кромид, масло (колку ви се сака), јогурт, сол.

вторник

Појадок – кафе со млеко или само млеко ­Колку ви се пие;

Ручек – јогурт со мусли ;

Вечера – тестенини салата со млеко (варени макарони со кромид, масло, сол и јогурт)

среда

Појадок – кафе со млеко или само млеко ­Колку ви се пие;

Ручек – јогурт со мусли

Вечера – компир салата со јогурт

четврток

Појадок – кафе со млеко или само млеко ­Колку ви се пие; Ручек – јогурт со мусли Вечера – тестенини салата со јогурт

петок

Појадок – кафе со млеко или само млеко ­Колку ви се пие;

Ручек – јогурт со мусли

Вечера – компир салата со јогурт.

Ако имате волја да продолжите со диетата, следат 2 тешки дена. Во саботата е потребно да сте само и само на јогурт, а во неделата – на вода. Препорачливо е диетата да не се повторува пред истекот на помалку од 6 месеци.

Прегледи:
686
Објавено на:
15.02.2016