Во океанот од информации на интернет, секогаш има место да се сподели успешна приказна. Ова се 5 прашања со Славица Стојменовска излезе од Академијата за маркетинг на Brainster и за прв пат започна да работи на диги-маркетинг проекти. Ти посакуваме многу успех во иднина!
1. Претстави ни се! Која е Славица, и што прави во моментов?
Здраво на сите! Јас сум Славица, голем ентузијаст за дигитален маркетинг. Се сметам себеси за многу амбициозна и упорна, кога ќе си зарцтам некоја цел, ништо не може да ме спречи да ја постигнам. Да почнам нова кариера беше една од целите кои сакав да ги остварам.
2. Зошто реши да бидеш дел од Академијата за Маркетинг?
Почнав со online курсеви за дигитален маркетинг меѓутоа ми недостасуваше нешто што ќе ги поврзе сите работи. Курсевите на Brainster ги гледав некое време, а кога видов дека има и Академија за Маркетинг, решив да се пријавам. Знаев дека тоа е тоа што ми треба за да го надополнам моето знаење.
3. Како си помина? Сподели некое искуство?
Супер си поминав. И покрај тоа што програмата е многу интензивна и покрива обемен материјал, предавањата се осмислени да бидат интересни, интерактивни и практични. Највеќе ми се допаѓаше тоа што, за разлика од формалното образование, имавме можност да работиме на реални проекти преку кои успеавме да го примениме нашето знаење.
4. Како дојде до твојата нова freelance работа, што работиш сега?
По завршувањето на Академијата, имав можност да се запознаам со една девојка која веќе 8 години работи во сферата на дигитален маркетинг. Заедно работиме на проекти за британски и американски пазар, за светски познати брендови како Sistaglam. Работиме сè, а највеќе Google AdWords и social media marketing. Учам многу нови работи и успевам да го применам целото знаење од Академијата за маркетинг.
5. Кој е најголемиот предизвик пред тебе во моментов?
Најголем предизвик ми е да успеам постојано да бидам во тек со сите промени кои се случуваат во оваа дигитална трансформација, затоа што се случуваат секој ден. Предизвик ми е и да станувам се подобора во тоа што го работам.