Категории

Славната катедрала во Барселона добива деветта кула: На врвот ќе има огромна ѕвезда!

Прочуената катедрала Саграда Фамилија во Барселона, на 8. декември ќе ја отвори кулата Дева Марија, висока 183 метри со голема ѕвезда на врвот направена од челик и стакло.

Пред инаугурацијата на врвот од деветтиот од осумнаесетте кули, колку што замислил архитектот Антонио Гауди, на 29. ноември ќе биде поставена ѕвезда тешка 5,5 тони. Ѕвездата чини 1.5 милиони евра.

„Составена е од отпорни материјали, ќе има во средината 12 проектори и ќе сјае како нова ѕвезда на небото во Барселона“, опишал Хорди Фаули, главниот архитект на Саграда Фамилија за новинарите.

„Со изградбата на деветтата кула, изградбата на целата катедрала доаѓа на половина пат. Преостануваат пет средишни кули, кулата на Исус Христос, која е највисока и кулите на четворицата евангелисти, чија градба е започната“, додал Фаули.

Саграда Фамилија е проект на каталонскиот архитект Антонио Гауди и таа претставува најпосетениот споменик во Барселона, а во 2005. година се наоѓа на листата на УНЕСКО.

Нејзината изградба е започната во 1882. година, а требала да биде завршена 100 години по неговата смрт, во 2026. година.