Категории

Славната пејачка е болна, ќе продолжи ли со својата кариера?

Пејачката Селена Гомез се расплака за време на концертот во Џаката, а потоа им призна на своите обожаватели дека не може да се справи со многу работи.

“Се плашам, морам да си го преиспитам животот. Да размислам која сум јас всушност. Никогаш не сум ве лажела, па нема ни сега” – се изјасни 24 годишната поп ѕвезда.

Пејачката на социјалните мрежи објави драматична порака, а фановите се прашуваат дали воопшто ќе продолжи со својата кариера или ќе се повлече. Загрижени се за нејзиното здравје, затоа што младата пејачка од тинејџерските години се бори со депресијата.

“Одам на терапии, затоа што луѓето во лице ми велеа дека сум дебела. Беше одвратно. Јавно ме критикуваа поради дебелината и тоа ме уништи” – призна Селена.

q2

Селена спас побара во верата, објаснувајќи дека чувствувала духовна празнина и дека тоа е причината поради која се соочува со многу проблеми.

“За време на рехабилитацијата научив многу за духовните аспекти и одлучив да ги истражам” – изјави таа.

q3

Пред три години паузираше со својата кариера. Тоа предизвика различни шпекулации, од тоа дека е трудна, дека се бори со депресијата, па и дека пати за поранешниот дечко, Џастин Бибер.

Подоцна откри дека причината за нејзината пауза е болеста со која се бори.

Прегледи:
388
Објавено на:
25.07.2016