Категории

Следете ги своите соништа: И велеле дека е предебела за да биде балерина, но ова девојче никогаш не се откажало!

Не им дозволувајте на луѓето да ги уништат вашите соништа. Треба да се борите за нив до крај! Не е невообичаено да видите полничко дете кое сака да биде атлетичар или полничко девојче кое сака да биде балерина. Но, некои спортски дисциплини бараат одредена тежина и височина, а сепак доколку навстина е тоа вашиот животен сон и правите сѐ што можете да го постигнете, може да им пркосите на законите на физиката. Ништо не е невозможно, па дури и ако сте девојче со вишок килограми кое сонува да стане балерина.

Ова видео ја покажува животната приказна на малото дебелко девојче кое има неверојатнаа желба да стане успешна балерина. Но, исто така не треба да се занемари љубовта и трудот кој нејзината баба го посветува на неа. Многу луѓе, ја немаат потребната поддршка од дома, а тоа може да биде основно во градењето на успехот.

Ова девојче следејќи го својот сон, се запишува на балет, но поради нејзиниот изглед веднаш станува предмет на потсмев кај останатите слаби девојчиња. Но, тоа не ја обесхрабрува. Со години вежба, се усовршува, прераснува со прекрасна, млада девојка постојано поддржана од својата сакана баба и оди на државно натпреварување. Без разлика на фактот што успева да победи и да ја воодушеви жири комисијата, поентата на ова видео од кое може да научиме е следната: Никогаш не се откажувајте од своите соништа!

https://www.facebook.com/wordoflifeofficial/videos/2174143366240592/