Категории

Следниот пат кога ќе ја видиш својата мајка речи и благодарам и покажи и дека ја сакаш!

Она за што многу мајки размислуваат, но тешко им е мислите да ги стават на хартија, тоа за нив го направи блогерката и мајка Наташа Креиг. Размислувањата, среќни и тажни моменти на секоја мајка, желбите и стравовите за кои мајките најчесто размислуваат, но никогаш не ги кажуваат.

Мајките често плачат

Мајката плачеше кога дозна дека е трудна. Плачела кога те родила и кога прв пат те држела во раце. Често плачела од среќа или од страв, уште почесто од грижи. Мајката ги чувствувала твојата среќа и твојата болка, дури и кога не си бил свесен за тоа.

Мајката понекогаш сака да го дојаде баш тоа последно парче колаче или торта, но кога сфаќа дека и ти го сакаш, во истиот момент останува без апетит и ти го препушта последното парче храна. Сепак е посреќна кога си ти сит отколку кога е таа сита.

И мајките ги боли

Кога во лутина или рефлексно си ја искубал мајка си, изгребал или удрил – и неа ја болело. Иако никогаш не проговорила за тоа. Гризање во текот на доењето боли повеќе од што можеш да замислиш. За породувањето, а и за сите бебешки удари во текот на бременоста, воопшто и да не споменуваме. Мајките често ги боли.

И мајките се плашат

И тоа често.Од моментите кога си дошол на овој свет, мајката е твојот заштитник. Често одбивала други луѓе кои сакале да те земат во прегратка само затоа што верувала дека само нејзината прегратка е доволно безбедна за тебе. Срцето и застанувало на секој твој несигурен прв чекор. Го средувала домот до доцни часови за твојот дом секогаш да биде убав, а станувала прва за да те испрати на училиште.

Мајката се радувала со секој твој успех повеќе од тебе.

Секој пат кога ќе се сопнеш, така ќе те фати.

Секојпат кога сонуваш лоши работи, таа е тука да те утеши.

Мајката е тука за баш сè да биде како што треба.

Мајката е свесна за своите маани

Понекогаш се мрази самата себе и е свој најстрог критичат.Иако секогаш внимава да направи сè како што треба, таа е сепак човек од крв и месо и сепак понекогаш греши. Но додека твоите грешки многу брзо се забораваат, своите веројатно засекогаш ќе ги памети. Уште повеќе, би дала се кога би можела сите свои грешки да ги исправи, но не може. Затоа биди добар кон неа, бидејќи се што прави, прави најдобро што знае.
Мајката често ги гледа своите деца како спијат.

Безброј уморни и тешки ноќи минале кога те молале да заспиеш. Секунда откако ти ќе потонеш во сон, мајката заборава на уморот и ужива уште некое време гледајќи во своето сонливо дете.

Мајката те носела многу повеќе од девет месеци

Во срцето пред да остане бремена, во својот стомак додека не си бил доволно развиено и силно, а потоа уште долго додека чистела, јадела, хранела, дури и кога и рацете и грбот ја болеле. Во својата прегратка те прегрнувала, сакала и играла со тебе за ти да се чувствуваш заштитиено и безбедно.

Мајката повеќе ја болат твоите солзи отколку тебе

Секој пат кога мајакта ќе види солзи на лицето на своето дете, нејзиното срце од почеток се крши. Кога не успева да те утеши, таа е бескрајно тажна. На мајката секогаш си и ти на прво место и најважно нешто на овој свет.

Често излегувала од дома гладна, неисчешлана и ненаспиена бидејќи твоите потреби се пред нејзините. На крајот од денот кога конечно ќе има малку време за себе, ќе биде толку уморна така што често не имала сила да направи ништо за себе. Веќе следниот ден, почнува се од почеток и светот ти ги предава тебе.

Да се биде мајка е најтешката улога на светот. Мајката учи, работи, плаче, трпи и се обидува од почеток до бесвест. Мајката на секој твој успех се радува повеќе од тебе. Наспроти болката и грижите, таа секогаш за тебе ќе направи се, од ден во ден, од почеток.

Следниот пат кога ќе ја видиш својата мајка речи и благодарам и покажи и дека ја сакаш!

Прегледи:
483
Објавено на:
27.06.2016