Универзално е прифатено дека кучињата се еден од најголемите благодети на животот. Не постои поголема среќа од среќно, разиграно кученце.
Тоа, уште еднаш, ќе го докажат фотографиите кои следуваат во прилог. Zoltan е свадбен фотограф од Англија кој во слободно време фотографира кучиња, особено во есен, кога има прекрасни бои околу нив.
Парковите, градините и шумските подрачја се совршена позадина за портрети. Иако времето некогаш знае да е лошо, и да мора да презакажуваат фотосесии, сепак, најомилен дел од денот на Золтан му е кога треба да запознае ново куче кое ќе го фотографира. Нему најголемо задоволство му предизвикува да ги израдува сопствениците на кучињата со нивните преубави портрети.
Но, не ги радува само сопствениците на кучињата, туку и секого што ќе ги види овие преслатки фотографии.