Категории

Сликите од нејзиниот целулит го обиколија светот, а сега таа гордо „тверка“ во мрежесто боди

Пред два месеци интернетот „гореше“ поради фотографиите од нејзиниот нефотошопиран задник на кои јасно се гледаше дека има целулит. Раперката Иги Азелија не се вознемири многу поради овој „инцидент“, оа одлучила својата славна позадина повторно да ја испромовира. Овој пат во мрежесто боди!

Славната раперка неодамна го претстави новиот спот за песната „Mo Bounce” во кој „тверка“ во многу провокативно, мрежесто боди.

Се чини дека Фотошопот си ја завршил работата и во нејзиниот спот, со оглед на тоа што од целулитот нема ни трага ни глас.

А, добро знаеме колку време и упорност е потребно за да се отстрани таа озлогласена женска „напаст“….

Прегледи:
428
Објавено на:
29.03.2017