Категории

Слободно јадете и на полноќ – Ќе останете здрави и нема да се здебелите

Не е забележана никаква разлика во губењето килограми кај оние кои голем дел од своите калории ги изеле порано во однос на она кое го јаделе подоцна во текот на денот.

Временски ограниченото конзумирање на храна при кое јадењето се ограничува на одредени часови во денот, не влијаело на губењето на килограми кај возрасните со прекумерна тежина, покажало истражувањето кое го спроведе организацијата American Heart Association.

Особите во експериментот кој траел 12 недела, јаделе иста здрава, однапред подготвена храна – меѓутоа една група која изела поголем дел калории изеле пред 12 часи секој ден, наспрема другата група која изела 50% калории во последните 17 часови.

„Долго сме се прашувале дали е времето во кое некој јади во текот на денот влијае на начин на кој телото користи и складиште на енергија“, вели авторката на студијата Ниса М. Марутур, вонредна професорка по медицина, епидемиологија и нега на Универзитетот Џон Хопкинг во Балтимор.

„Голем дел од претходните студии не ги контролирале бројот на калории, па не било јасно дали луѓето кои јаделе порано само јаделе помалку калории. Во оваа студија единствено што сме промениле било само добата на денот во која јаделе.“, нагласува.

Марутур и колегите следеле 41 возрасна личност со прекумерна тежина во 12-неделно истражување. Голем дел од учесниците (90%) биле гојазни особи со дијабетес со просечна старост 59 години. 21 возрасна личност следела временски ограничен начин на исхрана, ограничувајќи го јадењето на одредени сати во денот и изела 80% калории пред 13 часови.

Преостанатите дваесет учесници јаделе во вообичаено време во текот на 12 часовен период, конзумирајќи половина дневни калории после 17 часа, во текот на сите 12 недели. Сите учесници ги јаделе истите однапред подготвени, здрави оброци, предвидени за студијата.

Анализата открила дека луѓето во двете групи изгубиле килограми и го намалиле крвниот притисок без оглед на тоа кога јаделе.

„Мислевме дека временски ограничена група ќе изгуби повеќе на тежина. Сепак, тоа веќе не се случило. Не забележавни никаква разлика во губењето килограми кај оние кои голем де од своите калории ги јаделе порано во однос на подоцна во текот на денот. Не видевме ни ефекти на крвни притисок“, вели авторката.

Прегледи:
542
Објавено на:
23.11.2020