Категории

Слониците Дуња и Даела пристигнаа во нашата Зоолошка градина

Зоолошката градина Скопје по 26 години повторно станува дом на слонови. Дуња и Даела се новите жители на нашата Зоолошка градина, а посетителите ќе можат да ги видат во сабота. На забавата по повод доаѓањето на слониците насловена „За европска Зоолошка“ ќе настапат хорот на Златно злавејче и Пет+ бенд.


Едната слоница е африканска, другата азиска и двете се стари по 30 години. Ова е уште една од многуте убави вести со кои ги радува Зоолошка градина Скопје своите посетители.