Категории

Случајно пронајдена нова нијанса на сината боја

Понекогаш најубавите работи во животот се чиста случајност. Таков е случајот и со откритието на новата нијанса на сината боја, до кое сосема случајно дошле научници од Универзитетот во Орегон.

Хемичарот Мас Субраманијан и неговиот тим „налетале“ на боја која ја нарекоа „јинмин сина“ и тоа врз основа на елементите што ја сочинуваат.

Тие измешаче црн манган оксид со други хемикалии на повеќе од 2.000 степени Целзиусови, а една од мешавините направени на тој начин, имала „јасна и жива“ сина боја.

Пигментот сега е усовршен и ќе биде користен за правење премази и бои.

– Новиот пигмент е формиран благодарение на единствена кристална стуркура која им овозможува на јоните на манганот да апсорбираат црвени и зелени бранови должини на светлината, а да рефлектираат само сини. Бојата е стабилна дури и во масло и вода и не бледее, велат научниците во официјалниот извештај.

Што е уште подобро, овој пигмент е целосно безопасен и не е токсичен ни за животните, ни за луѓето.

Прегледи:
378
Објавено на:
06.07.2016