Мими Стојановска, 34-годишна скопјанка, сопруга и мајка на две деца, на почетокот на пандемијата го отвори својот youtube канал на кој чита книги.
„Слушај книга“ е наменет за сите оние кои не сакаат да читаат, но сакаат да знаат што пишува во книгите.
Како што самата вели, голема љубителка на книгите таа ја доживеала својата целосна животна трансформација од само стотина страници преку нејзиното омилено четиво.
„Единствената книга која вистински ми го промени животот, едноставно можеби затоа што не сум била подготвена за промена е „Е баш ме заболе“ од Марк Менсон.
Бидејќи имам повеќе блиски луѓе кои не сакаат да читаат, барав начин како да им ја пренесам книгата па така почнав да им ја читам на глас а тие да слушаат. И на крајот, се разбира направи позитивни промени. Па така ми дојде идеата и за отварање на youtube канал“ – вели Стојановска.
Јутуб каналот е отворен за сите оние кои сакаат да слушаат книга кога им ја чита друг.