Категории

Слушалка која преведува странски јазици во “real time”

“The Pilot System“ е слушалка која преведува странски јазици во реално време а корисникот кој ги носи го слуша преводот за неколку секунди.

Уредот му овозможува на носителот да разбира еден од неколку странски јазици преку симултан превод. Апликација овозможува да се избира меѓу јазиците кои носителот ги сака, а може да избира меѓу француски, шпански, италијански и англиски.

Уредот преведува говор на странски јазик слично како уредот наречен Babelfish, кој се споменува во книгата „Автостоперски водич низ галаксијата“. Неговиот креатор ја добил идејата кога запознал девојка од Франција, и имале проблеми со комуникацијата.

Слушалките произведени од The Waverly Labs во продажба ќе се најдат во септември а нарачките се во тек.

Прегледи:
422
Објавено на:
17.05.2016