Категории

Слушнете ја најубавата музичка честитка за Новата 2018 година

Нашата земја е плодна почва за многу музички таленти кои нижат успеси како во Македонија, така и во другите земји. Младата Марија Спасовска многумина ја споредуваат со познатата музичка ѕвезда Alexandra Burke.

Овој исклучителен млад талент иако има само 12 години, плени со својот глас и интерпретација. Во март 2018 година, ја очекува уште еден меѓународен натпревар во Москва „Откритија Европа“ каде што ќе ја претставува Македонија како единствен кандидат од нашата земја.

Нејзиното досегашно искуство е прилично богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7 соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при „Кастинг талент шоу“. Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно Моја“. Има освоено и две награди со второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга.

Марија неодамна ја доби наградата за трето место во Витебск, Белорусија на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи. Досега само Тоше Проески и Боби Мојсовски имаат освоено Гран при на Славјански базар, но во возрасни категории за натпреварувачи над 18 години. За Марија оваа награда е многу важна, затоа што таа има уште една шанса на 18 год повторно да се врати на Славјански и да се бори за нова награда.

На нејзините досегашни настапи и награди сме особени горди, а ова е нејзиното ново видео кое воедно претставува најубавата честитка за Новата 2018 година. „Hallelujah“ звучи совршено кога е испеана од страна на македонската Alexandra Burke.

Среќа е да се слуша ангелски и моќен глас … Уживајте во фантастичната интерпретација на нашата Марија Спасовска.