Категории

Смешни работи од кои сите како деца сме се плашеле!

Детството е лесно, но дечињата се навистина плашливи суштества. Целиот свет изгледаше и како авантура, но и како закана.

Сега, како возрасни, може да се смееме на она што тогаш ни изгледало како страшно. Но, иако ни е смешно, сепак на многу работи се сеќаваме. Подоле собравме одговори од повеќе корисници на твитер, на прашањето: „Што ве плашеше како деца?“. Одговорите се, во најмала рака, пресмешни, но уште посмешно е што кога ќе ги прочитате, ќе се сетите дека веројатно и Вас ви биле страшни овие работи во детството.

„Го гасиш светлото во подрумот и веднаш трчаш нагоре за да не те фати демонот“
„Како дете, сметав дека брза песок ќе ми биде многу поголем проблем во животот отколку што навистина ми е.“
„Дали и некој друг поминал низ фаза во животот каде што бил сериозно загрижен за Бермудкиот триаголник? Како, зошто не го решаваме ова??“
„Дека ако прекрстувам често очите, ќе ми останат така.“
„Ајкули насекаде. Во базени, на езеро, во када…“

Scientists Document Summer Surge of Great White Sharks
„Секогаш ѕиркав зад завесата од купатилото, барајќи го убиецот.
„Никако не се капев со затворени очи. Ќе ги затворев на 2 секунди и потоа ќе ги отворев веднаш, мислејќи дека демонот ќе биде тука.“
„Спонтано експлодирање!“
„Дека ќе се удавам ако пливам по јадење.“
„Дека лицето ќе ми остане така, ако правам гримаси.“
„Бев преплашен од метеори и нивното носење на апокалипсата!“
„Вулкани?????“
„Дека ќе ги голтнам пакетчињата со силиконски гел во чевлите, и ќе се удавам на нив!“

Silica Gel Packets Common Desiccant - Life Changing Products

Прегледи:
506
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
02.10.2020