Категории

СНЕЖНА БАЈКА: Празничен мус од бело чоколадо

Направете го овој прекрасен мус со малку овошје и ќе добиете прекрасен контраст на бои, вкусови и текстури што е тајната на секое кулинарско ремек-дело!

Состојки:

  • 175 гр. бело чоколадо
  • 90 м.л млеко
  • 2 белки од јајца
  • 1/4 лажичка сок од лимон
  • 225 мл. павлака

 

Подготовка:

 

  • Стопете го чоколадото и измешајте го со млекото.
  • Оставете го на собна температура.
  • Изматете ги убаво белките и додадете сок од лимон за да биде поцврсто и полека додадете го чоколадото со млеко.
  • Изматете ја павлаката како шлаг и потоа додадете ја во смесата.
  • Истурете ја смесата во чаши и оставете да се излади најмалку 2 часа. Декорирајте по желба.
Прегледи:
323
Објавено на:
04.01.2020