На Бикот срцето ќе му го скрши Јарецот, додека за Скорпиите врската со Водолија ќе биде најлошото љубовно искуство. Постојат врски во кои не е баш се како од бајка. Мжеби ѕвездите ќе ви помогнат да сфатите зошто е тоа така.
Овен
Вие сте многу амбициозни и без голем напор успевате да постигнете се што ќе посакате. Мажот роден во знакот на Близнак и неговите (по вас) бесмислени размислувања, ќе ве направат екстремно несреќни и ќе ви го попречат зацртаниот пат до успехот.
Бик
Овие луѓе од доверба, со голема наклонетост кон духовноста, не можат никако да ги сфатат строгите и рационални типови како Јарците. Како пар вие би имале илјадници несогласувања.
Близнаци
Вие сте темпераментни, комуникативни и понекогаш барате премногу. Во врска со интровертната и пасивна Риба многу тешко би се снашле.
Рак
Љубезни, чувствителни и романтични души како вас би имале големи потешкотии да одржат врска на подолги стази со темпераментната Скорпија.
Лав
Како самосвесна Лавица со голема потреба од внимание не поднесувате некој да ви го украде шоуто. Со мажот роден во знакот на Лав постојано ќе се борите за место под рефлекторите.
Девица
Секогаш сте многу организирани, многу уредни, но и под константен стрес. Кога некој ќе ги потенцира вашите слабости, како што би го направил тоа мажот роден во знакот на Девица, ќе изреагирате нервозно. А тоа не е добар темел за среќна и долга врска.
Вага
Ниеден хороскопски знак не сака толку многу правдина и чесност. Кога ќе направите грешка, размислувате како да ја поправите. А тоа е сосема спротивно од мажот роден во знакот на Овен. Тоа е само една од причините зошто овие два хороскопски знаци не се поднесуваат.
Скорпија
Сонувачите како што е Водолијата ги излудуваат темпераментните Скорпии кои многу често цврсто стојат на земја. Потенцијалната врска помеѓу овие два знаци би била проследена со кавги и несогласувања.
Стрелец
Жените родени во знакот на Стрелец се темпераментни и сакаат авантури. Затоа, не поднесуваат досада и константен ред. Вие сакате да го освоите светот, а вашиот директен начин на комуникација никако не му одговара на пречувствителниот Рак. Во врската со вас, маж роден во знакот на Рак секогаш би бил повреден, а вие би се чувствувале ограничено.
Јарец
Како жена родена во знакот на Јарец, вие ги почитувате и сериозно ги сфаќате своите обврски, па затоа важите за многу одговорна личност. Со несигурните мажи родени во знакот на Вага тешко би пронашле заеднички јазик.
Водолија
Биковите кои секогаш ги почитуваат правилата и имаат строго организиран живот, ги иритираат занесените Водолии кога се во врска.
Риби
Креативни сте, чувствителни и промислени, па поради тоа не е ни чудно што ве иритираат мажите родени во знакот на Стрелец – гласни и секогаш во потрага по внимание. Стрелците никако не се добар избор за вашата хармонична љубовна врска.