Категории

Со помош на вештачката интелигенција луѓето нема да мораат да работат секој ден во неделата!

Вештачката интелигенција зема сѐ поголем замав, а некои од луѓето стравуваат дека еден ден истата може целосно да ги замени.

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, има малку поинаква визија.

Тој тврди дека вештачката интелигенција би можела многу да им помогне на луѓето.

Како што вели тој, технологијата нема да може во целост да ги замени луѓето, а може да им дојде во пресрет.

Имено, со помош на вештачката интелигенција луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, наспроти пет или секој ден.

„Доколку работите само три дена во неделата, тоа би било сосема во ред, после сѐ целта во животот не е само да се работи“, вели Гејтс.

Прегледи:
216
Објавено на:
28.11.2023