Категории

Со што се карактеризира Божиќ?

Божиќ е денот на христовото раѓање и секоја година се слави на 7 јануари според јулијанскиот календар.

Овој празник е најрадосниот празник во христијанството и му се оддава посебно внимание.

На Божиќ, луѓето се отпоздравуваат со зборовите: „Христос се роди“, „Навистина се роди“.

Луѓето си одат едни кај други и меѓусебно си го честитаат празникот.

Се подготвуваат богати трпези и се оди да се прослави традиционално во соборните храмови.

Овој ден како и Бадник, го поврзува целото семејство и владее мир и хармонија.