Цвеклото е еден од најздравите зеленчуци кои постојат на оваа наша земја. За неговите благодати се знаело уште од порано и токму поради многубројните здравствени придобивки, цвеклото е неизоставен дел од исхраната на многу луѓе.
Нутриционистите се согласни дека сокот од цвеклото, со сите витамини, минерали и органски киселини што ги содржи е моќен еликсир кој ги топи килограмите за кратко време.
Доколку сакате да не држите строги диети, а да ослабете за кратко време, следете ги следниве правила:
Пијте го сокот од цвекло веднаш откако ќе го направите
Овој сок се пие веднаш поради тоа што есенцијалните масла испаруваат за кратко време. Веднаш по пиењето ќе се почувствувате сити поради тоа што цвеклото содржи шеќери. Но, веќе по 1 час ќе почувствувате глад.
Пијте сок од цвекло помеѓу оброците
15 минути откако ќе го испиете сокот од цвекло треба да внесете протеини во организмот. Овој оброк не треба да биде тежок.
Пијте го сокот од цвекло две недели
За да ги постигнете посакуваните резултати, сокот од цвекло треба да се пие во чиста форма 2 недели. Исто така, можете и да го комбинирте и со други сокови, како на пример сок од морков, јаболко, лимон или портокал. Ако се одлучите за мешање на соковите, потребно е да ја пиете таа мешавина 3 месеци, па да направите пауза.