Категории

Сончев и топол викенд, од среда повторно заладување

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 19, додека максималните од 26 до 32 степени целзиусови, стои во кратката метео пргоноза на УХМР.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и тивко време, со соссема слаб ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени целзиусови, а истата во текот на ноќта ќе се спушти до само 9 степени.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурата ќе бидат во постепен пораст. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток, кога дневната температура благо ќе опадне.

Прегледи:
463
Објавено на:
27.08.2016