Категории

Соочи се со вистината: Овие знаци покажуваат дека не му значиш НИШТО

Секојдневно се испитуваш себеси, читаш хороскоп, ги губиш своите денови размислувајќи за него, затоа што не можеш да откриеш дали му се допаѓаш или не. Зошто тој едноставно не би можел да биде отворен и да ти каже на што сте?

Ова звучи фрустрирачки, но мажите се едноставно такви, бавни и недоволно искрени.
Пред да почнеме, ако го читаш ова, значи дека тој ти дал некои несигурни сигнали, па драга моја можеме уште сега да ти дадеме вистински совет а тоа е – откажи се и бегај! Да бидеме искрени, штом бараш знаци кои би ја потврдиле твојата недоумица, тогаш веќе е јасно – нему не му е грижа. Ова боли, звучи строго, но треба да сфатиш колку си ти единствена, посебна и прекрасна и не вреди да го губиш времето со некој кој не е сигурен дали те сака или не.

Ако се пронајдеш во овие знаци, едно е јасно – батали го!

1.Нему му е потребно постојано внимание
На почетокот се чини слатко, затоа што му е потребно твоето внимание, но како што времето изминува, ќе дојдеш до заклучок дека нему му е потребно внимание од сите за да се чувствува целосно. Запрашај се каде си ти во тоа внимание, му се допаѓаш, или тој е тип кој е само желен за нечие внимание.

2.Постојано се допишува со други девојки
Ако не му е грижа за тебе, тој ќе го цени и негува времето кое го поминувате заедно, наместо истовремено да се допишува и со други девојки. Доколку неговиот попис на пријателки е прилично долг, ова е баш добар показател дека тој е несигурен во себе. Одлуката е на тебе дали сакаш да останеш покрај момче или сакаш маж со кој ќе градиш иднина.

3.Отворено зборува за други жени пред тебе
Кога инсистира да разговара за други жени, прво што ќе помислиш е дека е навистина искрен и отворен, и мораш да го почитуваш поради тоа. Но, реалноста е малку поинаква. Мажот кој има потреба со тебе да разговара за други жени, тој со тебе нема сериозни намери. Тоа е механизам со кој тој сака да се покажи дека има и други опции, нему му е дојдено до фалење и внимание и нема намера да остане само со тебе.

4.Никогаш не те прашува како ти поминал денот
Ова е барем јасно како ден. Кога некому му се допаѓаш, таа личност сака да слуша за тебе, за твоите амбиции, апетити, цели, она што те расположува и растажува, сака да знае се. Ако не покажува интерес да дознае нешто повеќе за тебе, нему и баш не му е грижа.

5.Никогаш не раскажува за неговиот ден
Ако тој спрема тебе не се отвора и не ги дели сите детали од својот живот, тоа е веќе црвен знак. Голема е разликата ако ги знаеш само некои поединости за него, ако тој не ти дава повеќе од минимумот од тоа од каде е, што работи, каде живее, кое му е семејството, тогаш нему баш и не му е грижа.

6.Секогаш му се јавуваш прва
Ако секогаш ти му се јавуваш прва, затоа што знаеш дека поинаку нема да се чуете, тоа не води апсолутно никаде. Помеѓу двајца луѓе кога ќе засветат искрите тие сакаат постојано да се слушаат, гледаат, овде нема изговор.

7.Потребно му е некое време да ти одговори на пораката
Кога си со него, тој постојано висти на телефонот, но кога ќе му пишиш, му требаат барем неколку часа за да ти одговори.
Ако не ти се јави, пораките се кратки, потребни му се часови или да ти се јави или воопшто не се јавува иако ветил дека ќе се јави, нему и баш не му е гајле.

8.Вашите дружби се одвиваат после 23 часот
Ова е уште еден од лоши знаци и показател дека тој не гледа каква жена има покрај себе. Ако со тебе не шета во јавност, ако не се гледате преку ден, ако не те запознава со своите пријатели, туку си само негова после 23 часот, ова зборува се – не му е грижа за тебе.

Прегледи:
813
Објавено на:
22.12.2019