Категории

Сопственикот на Лестер го исполни даденото ветување

Останува само нејасно дали БМВ доби и Нголо Канте, кој летово си замина од Лестер и потпиша договор со Челзи

Првиот човек на актуелниот шампион на Англија, тимот на Лестер, Вихаи Сривдханапрабха, го исполни ветувањето кое го даде на крајот од изминатата сезона дека секој од фудбалерите кои беа дел од оваа шампионска генерација ќе добие луксузен автомобил, BMW I8.

Подароците пристигнаа пред неколку дена и беа паркирани пред клупскиот стадион, по што играчите доаѓаа еден по еден и добиваа клучеви од возилата.

Останува само нејасно дали БМВ доби и Нголо Канте, кој летово си замина од Лестер и потпиша договор со Челзи.

Прегледи:
435
Ознаки:
·
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
07.08.2016