Категории

Сопственикот на најмалиот ресторан во Данска самиот ги мие садовите и ги послужува гостите

Томас Памперин е сопственик, готвач, келнер и мијач на садови во најмалиот ресторан во Данска – „Njordvest“.

 

Овој угостителски објект може истовремено да прими само осум лица, а се наоѓа на плоштадот „Utterslev“, во Копенхаген.

-Место да работам за луѓе кои не го ценат мојот труд, повеќе сакам да имам свој ресторан каде можам да бидам свој на своето. Иако понекогаш ми недостасува некој со кого би можел да разговарам, признава Памперин, кој ресторанот го отворил во септември 2016 година.

Заради недостигот од квадратура неговиот простор за готвење е лишен од големи помагала со кои се опремени професионалните кујни. Сепак, и покрај тоа, таму може да се видат апарат за подготвување храна со sous -vide техниката, две рерни и миксер.

За оброк од четири или пет јадења наплатува 39 или 46 евра, а во цената е вклучено и вино.

Пред да го отвори ресторанот, во 18 часот, Томас ги мие садовите, ги гланца чашите и приборот за једење, ја поставува масата, чисти со правосмукалка, меси тесто за леб, ги сецка сите намирници и ги подготвува сите останати состојки потребни за вечерата. Кога гостите ќе си заминат, а пред да затвори, некаде околу 23 часот, тој мора повторно да ја измие целата кујна.

Како и многу други млади готвачи од неговата генерација, Памперин верува во подготовка на сезонската храна која е одгледана на локалните земјоделски стопанства. Токму затоа менито постојано се менува и прилагодува на достапните намирници.

-Во мојата кујна ништо не се фрла, дури и ако треба да потрошам еден час повеќе за да ја искористам намирницата до крај, заклучи Памперин.

Прегледи:
342
Објавено на:
30.03.2017