Категории

Сосема поинакви овесни снегулки со банани: Појадок што го одржува нашето здравје и енергија

Неверојатната комбинација која сите ја сакаме – овесни снегулки и банани! Еве што се случува кога ќе ја испечете оваа популарна комбинација … Мора да го пробате овој појадок!

Варените овесните снегулки заменете ги со печени и уживајте во различниот вкус на здрав појадок!

 

Состојки:

  • 2 банани
  • 100 грама овесни снегулки
  • 150 мл млеко
  • малку цимет
  • јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници …)

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Испасирајте ја бананата со вилушка и додадете ги овесните снегулки, циметот и млекото. Додадете чаша вода и малку сол. Врз тоа ставете ја другата банана исечкана на кругови, па додадете ги јаткастите плодови. Печете 20 минути, додека овесните снегулки на ја впијат целата течност.

Прегледи:
2511
Објавено на:
25.10.2019