Категории

Состав на годината: “Како го поминав распустот не треба никој да го интересира”

Сите сме пишувале состави за тоа како сме го поминале летниот распуст. Сме импровизирале, додавале, одземале… Меѓутоа, се чини дека на еден ученик во петто одделение и тоа како му тргна со импровизацијата.

Како го поминав распустот никој не треба да го интересира. Тоа е моја лична работа, како што е и летото – мое лично време за одмор, и не морам за тоа да полагам сметки во овој состав.

Треба да се почитуваат човековите права. Ако добијам единица поради составот тогаш, драга моја наставничке, ќе се видиме во Судот за човекови права во Стразбур.

Ќе добиете повик од нив, а јас веќе ќе бидам таму во врска со нешто друго. Што – и тоа е моја лична работа и никој не треба да го интересира“.

Прилично паметно момче, нели?

 

Прегледи:
2260
Објавено на:
07.09.2016