Категории

Состојба на нови случаи заболени со КОВИД -19 во Македонија

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа во:

– Скопје 7
– Куманово 6
– Прилеп 4
– Тетово 1
– Пехчево 1
– Делчево 1
– Струга 1

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД -19.
По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.

Прегледи:
701
Објавено на:
29.04.2020