Социјалните мрежи, како „Твитер“, „Фејсбук“ и „Пинтерест“ ги прават луѓето да се чувствуваат осамени, покажа истражување на американски психолози.
Според резултатите, трошењето на повеќе од два часа на ден во социјалните мрежи ги удвојува шансите човек да се чувствува во социјална изолација.
Анкетата е спроведена над 2.000 лица на возраст меѓу 19 и 32 години. Таа покажала уште дека изведувањето пред идеализирано претставување на животот на другите, може да предизвика чувство на завист.
Во истражувањето се вклучени и корисниците на „Инстаграм“, „Снапчат“ и „Тамблир“.
– Сеуште не знаеме сепак кое се појавило прво, употребата на социјалните мрежи или социјалната изолација – коментира коавторот на истражувањето Елизабет Милер од Универзитетот во Питсбург.
– Можно е младите кои првично се почувствувале социјално изолирани, да се обратиле кон социјалните мрежи, или пак зголемената употреба на социјалните мрежи на некој начин да доведе до чувство на изолираност од реалниот свет – додала таа.
Во извештајот на истражувањето се претпоставува дека колку повеќе време еден човек поминува онлајн, толку помалку време има за реалниот свет. Разгледувањето на слики на пријателите од настан на кој не сте поканети на пример, може исто така да доведе до непријатно чувство.
Според авторите, ова е исклучително важно прашање за да се изучува, бидејќи проблемите со менталното здравје и социјалната изолација зазема епидемиски нивоа меѓу младите луѓе.