Пред самиот почеток им посакуваме многу среќа на сите бруцоши, а заедно со неа и неколку совети како полесно да ја пребродат првата година без паника. Епа драги бруцоши ова се нашите совети како за одличен почеток на вашиот пат кон успехот.
Направете истражување
Многу е добро пред самиот почеток да направите истражување во врска со начинот на работа на вашиот универзитет за да биде запознаени со тоа каде треба да се обратите доколку ви е потребна помош. Направете истражување за тоа кои ќе бидат вашите професори, во кои места ќе се одржуваат предавањата, и кои се начините на работа на истиот.
Снабдете се со добар компјутер
Сигурно знаете дека на факултето, компјутерот ќе биде вашиот најдобар пријател затоа што тој ќе биде тука за се. На него ќе ги подготвувате вашите проекти, ќе ви помогне за истражувањата и при спремањето на испитите. Одберете лесен и компактен модел кој ќе можете да го понесете со вас секогаш и секаде.
Истражувајте за попустите за студенти
Она што ќе го научите во текот на студентскиот живот особено ако студирате во странство е да се информирате за студентските попусти кои ќе ви послужат многу. Навистина постојат одлични поволности кои ќе ви помогнат да заштедите денар плус.
Прашувајте!
Да, првата година е најтешка и нормално е да сте збунети. Доколку ве интересира нешто, или не сте доволно информирани за некое прашање, слободно прашајте некој од останатите студенти, професори и вработени во универзитетот. Вие сте таму за да научите, а тоа е дел од тој процес.