Категории

Совети како да го избегнете дебелеењето со текот на годините

Колку и да мислиме дека само исхраната е виновна за неколкуте килограми плус, реалноста е дека и годините си го прават своето. Начинот на живот не може и не смее да ви остане ист на 30 и 50 години.

Овие 6 совети ќе ви помогнат да се прилагодите на годините, без да ги накачите килограмите:

1. Јагоди, јаболка и кромид

Истражувачите и нутриционистите откриваат дека храната богата со флавоноиди има позитивен ефект на линијата.

Храна која може да ви помогне да си ја сочувате тежината:

  • Брусница
  • Јагоди
  • Цреши
  • Грозје
  • Шумско овошје
  • Чај
  • Јаболка
  • Кромид
  • Праз
  • Брокула

2. Останете физички активни

Не заборавајте дека метаболизмот се забавува со годините и затоа многу полесно се таложат килограмите. За да го избегнете ова несакано таложење, бидете активни секојдневно.

Истражувањата велат дека доволни се 10-минутни вежби 3 пати во неделата за да го подобите метаболизмот. Тоа може да биде качување по скали, пешачење или тренинг по желба.

3. Останете ментално активни

Проблемите со меморијата се нормален дел од процесот на стареење. Но, не е дека не можете да направите нешто за да го забавите.

Активностите како читање, решавање загатки и крстозбори, па дури и игрите како шах, стимулираат различни делови од мозокот и ја подобруваат концентрацијата.

4. Кажете им не на диетите

Диетите кои се фокусираат на намалување на калориите ќе ви ја исцрпат енергијата. Ако консумирате под 1.200 калории дневно со сигурност ќе изгубите неколку килограми, но тоа ќе биде од масата на мускулите, не маснотија.

Нема потреба да го исцрпувате метаболизмот и телото, бидејќи со текот на годините се потешко се враќа во нормала.

5. Редовно проверувајте ја и следете ја здравствената состојба

Стареењето си носи проблеми, тоа не го оспоруваме, колку и да внимавате на исхраната и начинот на живот.

Затоа, најважно е да правите редовни контроли и да не дозволувате скриената болест да ви наталожи килограми и проблеми.

6. Почнете колку порано можете

Мислите дека тоа што во 30-те имате неколку килограми не е ништо страшно? Да, сега можеби не е, но за неколку години ќе зажалите што порано не сте почнале да внимавате.

Колку побрзо усвоите здрави навики, толку поздрави ќе бидете во староста.

Прегледи:
382
Објавено на:
28.10.2016