Категории

Совети како да го одржувате вашиот гардеробер уреден

Како да го одржувате вашиот гардеробер уреден и да си заштедите на време наутро кога барате модна комбинација

1. Секој месец посветете се на една категорија на облека (јакни, здолништа, џемпери) и ослободете се од она кое повеќе не го носите. Ставете ги настрана оние алишта кои не ги носите за полесно да го пронаоѓате она кое го барате, а вашата гардероба ќе ви биде поорганизирана.

2.Обидете се да ја чувате вашата гардероба на видливо место наместо вонсезонската гардероба да ја чувате настрана. На тој начин нема да имате впечаток дека имате празен гардеробер и ви е потребна нова облека а за тоа и да правите непотребно купување. Тоа исто така ќе ве натера да го чувате само она кое вистински го носите.

3.Размислувајте практично. Вашата облека треба да ви одговара, да биде удобна и да ви одговара на вашиот живот. Нема никаква цел од чување на парчиња облека кои не се вклопуваат во вашиот животен стил.

4. Секогаш средувајте ја облеката на тој начин да биде видлива. Она кое не можете да го видите многу лесно ќе заборавите дека не го поседувате, па можно е да купите парче какво слично веќе имате.

5. Немојте да чувате некои нешта за кои се надевате дека ќе ги носите повторно и такви кои сметате дека повторно ќе се вратат во мода. Кога некој крој повторно ќе се врати во мода, обично е модернизиран така што старата облека и понатаму изгледа старомодно.

Прегледи:
782
Објавено на:
21.08.2020