Доволно сте добри за сѐ што посакувате. Работете на себеси и потрудете се тоа да го остварите. Немојте да се сомневате во себе.
Здравата самодоверба во голема мера се состои од тоа колку се сакаме, цениме и почитуваме себеси, затоа што не се сакате себеси доволно, не можете да изградите добри односи со другите околу сбее, пата ни животот не е таков каков што го посакувате.
-Запишувајте ги значајните комплименти кои ви ги даваат другите, така ќе можете да се потсетите на нив кога ќе се чувствувате потиштено.
-Градете добри односи со другите, затоа што ако немате на кого да му кажете како се чувствувате би било лошо и ќе се чувствувате изгубено.
-Размислете за начините на кои би можеле да го олесните сопствениот живот, и направете ги.
-Променете го ставот околу храната. Јадете умерени количини и немојте да се чувствувате виновни кога јадете. Јадете малку но уживајте во секој залаг.
-Наутро истегнете се, тоа ќе го поттикне крвотокот и ќе го нахрани вашиот мозок.
-Барем еден ден во неделата направете пауза и одморете од дигиталните апарати. Луѓето кои се зависни од интернет и телевизија, се склони кон депресија.
-Разговарајте за темите кои ве мачат Не треба да ја изнесувате секоја мисла, но немојте ништо предолго да собирате во себеси.
-Читајте за позитивните нешта. Немојте да читате само вести, туку и литература за самоунапредување.
-Побарајте помош. Без оглед на тоа низ што поминувате, побарајте совет од попаметните и постарите.
-Доволно сте добри за се што посакувате. Работете на себеси и потрудете се тоа да го остварите. Немојте да се сомневате во себе.
-Вежбајте.
-Исчистете го плакарот, пронајдете нова облека која ви одговара и експриментирајте се додека не станете задоволни со себеси.
-Бидете љубезни спрема вашето тело.
-Будете се со фактот дека заслужувате љубов, од себеси и од другите.
-Направете нешто од кое се плашите.
-Престанете да се оптеретувате со туѓото мислење.
-Пронајдете ја својата муза и инспирација.