Откажувањето од цигарите е една од најтешките и фрустрирачки процеси. Кај повеќето луѓе потребни се неколку обиди за да се постигне успех. Доколку сте биле сведоци на блиска личност која се откажува од цигарите, тогаш знаете колку можат да бидат иритантни тие луѓе на почетокот.
Без разлика кој метод ќе го изберете, постојат совети кои можат да го олеснат процесот.
Избегнувајте искушенија
Избегнувајте ги искушенијата барем на почетокот на процесот. На пример, знаеме дека при консумација на алкохол потребата за цигара се зголемува, па затоа не излегувајте неколку викенди и пијте вода. Откако ќе го поминете овој кризен период, може да се вратите на старите навики кои повеќе нема да претставуваат искушение за вас.
Наградете се
Сумата на пари која ќе ја заштедите доколку се откажете од пушење е огромна. Откако ќе пресметате колку пари заштедувате, наградете се купувајќи нешто што ќе ве направи среќни со таа сума на пари.
Пронајдете нешто што ќе ви ги одвлекува мислите
Тоа не мора да биде хоби, но важно е да пронајдете нешто што ќе ви ја замени рутината во пушењето. Тоа може да биде прошетка, гума за џвакање. Заменувањето на навиката со нешто друго ќе ви помогне побргу да ја победите, отколку да седите на вашето биро размислувајќи за вкусот на цигарата.
Откажувајте се секојдневно
Доколку го гледате откажувањето како целосен процес, ќе ви се чини невозможно. Затоа, откажувајте се ден по ден. „Нема да пушам денес“, не звучи толку тешко како „никогаш повеќе нема да пушам.“ Може да ви помогне и календар на кој ќе ги пречкртувате деновите кога немате запалено цигара.