Категории

Совети за добар сон и како да избегнете кошмари

Дури и ако во просек ви е потребно многу малку сон, лошо преспиената ноќ се одразува негативно на бројни аспекти од вашиот живот. Вистина е дека сонот му е потребен на луѓето како храната и водата. На телото а и на мозокот му е неопходно квалитетно да се одморат,а сите оние кои се борат со проблемот – несоница и пореметување на спиењето, знаат колку е тој важен.

РАЗВИЈТЕ РУТИНА ПРЕД СПИЕЊЕ
Одредени ритуали пред спиење ја подготвуваат вашата потсвест за самиот чин на спиење. Рутината која ја спроведувате на дело секоја вечер го поттикнува квалитетот на вашиот сон. Вашиот внатрешен часовник полека се активира, ослободувајќи го хормонот за спиење „мелатонин“. Постапките кои се повторуваат му наредуваат на вашиот мозок да ја прекине сета додатна работа и да се подготвува за спиење. Вечерна купка, читање добра книга или медитација се најдобрите вечерни рутини кои можете да ги практикувате пред спиење.

НЕ БОРЕТЕ СЕ ПРОТИВ УМОРОТ
Можеби изгледа неверојатно, но голем број луѓе имаат проблем со спиењето поради преголемиот умор. Важен дел при кон достигнувате квалитетен сон е оној во кој бирате да одите на спиење ви мигот кога сте навистински уморни. Кога се борите против уморот, вашиот организам непотребно го полните со адреналин, со кој после не можете да се изборите лесно откако ќе легнете во кревет.

НАПРАВЕТЕ АТМОСФЕРА ЗА СПИЕЊЕ
Многу нешта можат да го пореметат вашиот сон. Несоодветната температура, односно премногу топла просторија може да биде проблем кој предизвикува лош сон. После тоа, несоодветното осветлување. За добар сон потребна е мрачна просторија. Исто така удобниот душек е важен, како и мегатаи удобна постелнина. Секако секогаш можете да ја подобрите атмосферата со помош на ароматични свеќи или есенцијални масла.

ЈАДЕТЕ ЗДРАВО
Правилната исхрана во голема мера помага во квалитетното спиење. Ако сте јаделе премногу доцна, премногу масна или солена и генерално тешка храна, на вашиот организам ќе му биде тешко да се избори со таквата храна а на вам ќе ви биде тешко да заспиете. Вечерата треба да биде најмалку 3 часа пред спиење. Масната храна исто така му дава сигнал на мозокот да ја зголеми невронската активност а тоа може да биде причина за кошмари.

Прегледи:
764
Објавено на:
12.10.2020