Категории

Совети за совршен флерт

За многу дами флертувањето може да биде фрустрирачко и од таа причина решивме да споделиме неколку тактики со кои ќе флертувате на вистинскиот начин.

# Насмевка…прво нешто што секој маж ќе го забележи на една дама е нејзината насмевка. Токму насмевката испраќа добар сигнал.
Од време на време насмејте се на неговите шеги и покажете интерес за тоа што ви го раскажува.

# Делете комплименти…комплиментите треба да се искрени. Мажите сакаат да примаат но и да делат комплименти, па кога ќе ви даде некој не срамете се и покажете дека со него се чувствувате пријатно.

# Одржувајте контакт со очите…за флертот клучен момент е контактот со очите. Тој ја подигнува довербата кај двете страни.

# Бидете жена и девојка во исто време…станува збор за многу едноставна уметност која треба да ја совладате. Држете го телото исправено и малку навалено кон него. Вашата коса секогаш нека биде миризлива и чиста. Мажите сакаат кога косата на жената мириса убаво.

И за крај не заборавјте дека мажите не сакаат дамата со која се на прв состанок да се однесува како шефица, оставете ги да мислат дека тие ја имаат контролата .

Прегледи:
607
Објавено на:
05.03.2016