Категории

Совети за жените кои немаат среќа во љубовта – никако не правете ги овие нешта

Ако ги правите овие нешта, веројатно е дека тоа е причината поради која љубовта постојано ви „бега“ од раце

Жените често се разочарани од искуствата на запознавањето на потенцијален партнер. И покрај напорите кои ги вложуваат, мажите не постапуваат спрема нив онака како што тие мислат дека заслужуваат. Меѓутоа, неуспехот на љубовен план често нема врска со мажите. На тие средби се прават грешки за кои не сме свесни, а влијаат врз развојот на околностите.
Авторката на порталот YourTango – Мишел Луис ги сподели своите неуспеси во врските, и ги прифати советите кои и беа дадени и сега е во среќен брак со маж кој ја третира онака како што заслужува, таа порачува жените да внимаваат на овие нешта.

1.Престанете да се сожалувате
На никого нема да му е драго да биде во врска со личност која константно се сожалува себеси. Луѓето ги привлекуваат личности кои се самоуверени, за кои се чини дека го сакаат и уживаат во животот, и не ги поминуваат своите денови жалејќи се.

2.Не плачете за момче
Полесно е да се каже отколку да се направи, но навистина никој не вреди за вашите солзи. Постојат луѓе кои не биле добри спрема вас и не вредат уште повеќе да им додавате на вредност така што ќе се чувствувате лошо поради нив.

3.Задржете доза на таинственост
Со текот на времето вашиот партнер ќе научи и ќе знае се за вас. Меѓутоа почетокот на врската никако не е време за откривање на вашите тајни. Ако после две недели поминати во врска помислувате дека тој може да биде вистинскиот, немојте да му го кажете тоа, никој не може да биде сигурен во некого за две недели.

4.На почетокот вложете само 30% труд
Иако ова звучи остро, не е лошо да се обидете. на почетокот е подобро да не покажувате се, подоцна можете да се потрудите повеќе.

5.Нека тој ви дојде вам
Ако мажот не е спремен да вложи труд да го иницира состанокот и да допре до вас, ако ве викне кај него дома уште на првиот состанок, едноставно речете не.
Тој веројатно не е во потрага по нешто долгорочно. Мажот кој сака навистина да ве запознае ќе се потруди повеќе околу вас.

6.Покажете му дека имате свој живот
Ако ве викне на состанок истата ноќ или наредниот ден, немојте одма да прифатите. Покажете му дека имат други планови, свој живот, дека сте вработена жена и дека некои нешта морате да ги планирате однапред ако го сака вашето време.

7.Не „досадувајте“ со позиви и пораки
Иако можеби посакувате разговори долги со часови и допишување со часови, воздржете се.
Премногу од се може брзо да го заврши односот, и како што ви нагласивме во претходниот совет – вие имате свој живот.

Прегледи:
376
Објавено на:
27.10.2019