Се подготвува за 2 минути, се пече 6 минути, се мачка 1 минута и тоа е се!
Состојки:
- 100 гр брашно
- 100 гр шеќер
- малку сол
- 2 лажици прашок за пециво
- 3 јајца
- 4 лажици слатко од јагоди (или друг вкус, по ваш избор)
- 2 лажици шеќер во прав
Подготовка:
Измешајте го брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво. Додадете јајца и се промешајте. За сето ова потребни ви се вкупно 2 минути! Подмачкајте го плехот, ставете хартија за печење, истурете го тестото и печете 6 минути на 180 степени.
За тоа време во тенџере загрејте го слаткото. Ви останува уште една минута работа – печеното тесто извадете го од плехот, тргнете го од хартијата, па намачкајте го со топлото слатко, завиткајте го во ролат и наросете го со шеќер во прав. Уживајте!