Категории

Создадена гитара која не може да се скрши

Компанијата „Сандвик“ ја создаде првата гитара која не може да се скрши.

Рок артистите се познати по тоа што често на своите настапи ги кршат инструментите. Најпознати по тоа се гитаристите, кои со години наназад знаеа да ги скршат своите гитари за да ја зголемат енергијата, но и сценскиот настап.
Гитаристите како Брајан Адамс и Блекмур често ги кршеа своите инструменти на сцената, за потоа да жалат за постапката. Тие истакнуваа дека емоциите и еуфоријата многу ги понесува, па едноставно морале да го направат тоа, но подоцна сфаќале дека останале без најдобриот музички сопатник.


Затоа компанијата „Сандвик“ ја создала првата неуништлива гитара која е направена од титаниум. Целта на оваа гитара е да ги „преживее“ ударите и тортурата која може да и се случи во рацете на гитаристите.
Оваа гитара ја создал легендарниот гитарист Ингви Малмстин кој важи за еден од најдобрите гитаристи на сите времиња и рок легенда која се уште е многу популарна. Тој во соработка со „Сандвик“ креирал гитара која ќе ги задоволи сите потреби на гитаристите, но ќе биде многу отпорна. Единствена работа која може да се оштети се жиците, но тие многу едноставно се менуваат.
Цената на овој инструмент се уште не е позната, но се претпоставува дека цифрата нема да биде мала.