Родниот град на Винсент Ван Гог, Зундерт, е местото за традиционалниот Corso Zundert.
Уште од 1936 година, првата недела во Септември улиците на малиот холандски град се трансформираат во сцена за претставување на огромни и деликатни креации создадени од илјадници далии.
Се употребува само далијата, а парадата опфаќа 20 соседства кои „се борат“ едни со други, надевајќи се на главната наградата изгласана од јавноста.

Настанот е на волонтерска база, со целогодишни подготовки, целиот процес на одгледување на далијата, која ги обединува сите.
