Категории

Список на намирници кои што ги топат маснотиите во текот на ноќта: Лекарите ни дадоа точен список!

Меѓу првите и најмоќните е вкусното сирење

Очигледно, доцните оброци можеби и не се толку лоши, се разбира, ако знаете што да изберете за доцна вечера – научниците велат дека одредени намирници можат да ви помогнат да ослабете кога јадете доцна навечер, затоа што тие ги горат килограмите ноќе!

Поточно, експертите од Универзитетот во Флорида тврдат дека 30 грама протеини 30 минути пред спиење, имаат добар ефект врз линијата!

 

Меѓу првите намирници што ги наведоа како добри за пред спиење е сирењето. Богато е со протеини и калциум, што е особено важно за постарите луѓе. Сепак, забележуваат да не купувате сирење со малку маснотии затоа што млечната маснотија ги зајакнува крвните садови и срцето и ви помага да ги изгубите маснотиите.

 

Второ место на списокот на „добра ноќна храна“ се бадемите и лешниците. Точно е дека тие се со многу калории па затоа треба да изедете мала количина. Лекарите советуваат грицкање на овие плодови што е можно почесто ако сакате да останете фит. Тие содржат изобилство на витамин Е, магнезиум и селен, за кои срцето ќе ви биде благодарно.

На третото место е моцарелата. 100 грама од ова вкусно сирење содржи 6 грама протеини, 1 грам јагленхидрат, многу витамин Д, а само 100 калории.

Четвртото место им припаѓа на јајцата. Иако се сметаат за силна храна, научниците од Флорида тврдат дека се одлични кога се јадат пред спиење. Тие содржат многу протеини, витамин Д и други важни хранливи материи.

 

Сирењето Тофу е на петтото и последно место од препорачаната храна на “ноќното мени”. Тоа содржи доволно протеини за да го потисне гладот, а не е многу калорично.

Прегледи:
1000
Објавено на:
18.10.2019