Категории

Според најновите истражувања тинејџерите помалку користат канабис на местата каде е легализиран

Тинејџерите помалку користат канабис на местата каде е легализиран.

Според најновите истражувања во САД, Тинејџерите помалку користат канабис на местата каде е легализиран.
Истражувачите од државниот Универзитет „Монтана“ ги прегледале здравствените анкети на учениците во американските средни училишта во периодот од 1193-2017 година.
Употребата на наркотици меѓу младите во САД е во пораст, но меѓу тинејџерите во пад за речиси 10% во сојузните држави во кои употребата на овој наркотик е легализирана.


Во 33 американски сојузни држави е легализирана медицинската употреба на канабис, а во 10 тоа е направено за рекреативни цели.
Канабисот и понатаму е илегален наркотик во сите сојузни држави за тие кои се помлади од 18 години.
Еден од авторите на истражувањето, Марк Андерсон, нагласил дека нивниот труд треба да помогне во намалувањето на загриженоста дека ќе се зголеми употребата на канабисот меѓу младите.


Неговиот тип ги анализирал податоците од околу 1.4 милиони американски тинејџери кои се земени од „Истражувањата за различното однесување на младите“- годишна анкета на национално ниво која ја прави американскиот Центар за контрола и превенција на болести.