Категории

Според рецептот на славниот доктор Оз: Пијалок од 3 состојки што ги согорува маснотиите со неверојатна брзина!

Докторот тврди дека е можно да се изгубат сите несакани килограми со само еден пијалок..

Во своите емисии многупати зборуваше за сите придобивки што ги има зелениот чај за организмот, па затоа не не изненадува што е основната состојка на овој пијалок.

Го чисти организмот и ја одржува виталноста, портокалите и нането го забрзуваат метаболизмот, па затоа е јасно зошто ги избра токму овие состојки за да направи пијалок што ја регулира тежината.

Тој тврди дека метаболизмот ќе се забрза за 12 проценти доколку го консумирате овој микс пред секој оброк. После неколку дена редовна употреба, килограмите треба да почнат полека да исчезнуваат.

 

Состојки:

  • 1л вода
  • 5 кесички зелен чај
  • 1 портокал
  • грст свежо нане

Подготовка:

Во еден литар врела вода, додадете пет кесички зелен чај. Оставете го така да се излади околу 3 минути, а за тоа време исечете еден портокал на парчиња.

Во голема тегла или бокал со капак истурете го зелениот чај, а потоа додадете ги парчиња портокал и грст свежо нане.

Затворете ја теглата и оставете ја преку ноќ за состојките да се соединат добро.

Прегледи:
356
Објавено на:
14.10.2019