Категории

Според сите естетски параметри овие жени ги имаат совршените црти на лицето

Формулата за совршена убавина е откриена

Убавината е во окото на посматрачот, но постојат одредени параметри на убавина кои ги одредуваат стандардите за убавина. Отсекогаш, особено во последните неколку децении, благодарение на естетската хирургија, се повеќе се тежнее кон совршениот изглед, а тој може да се одреди со златен просек. Се верува дека совршено лице е она кое е потполно симетрично, односно на кое двете страни се потполно еднакви.

Оваа формула за убавина вклучува доста математика и прецизни податоци. Колку страните на лицето се посиметрични, тоа личноста ќе се смета за поубава. Многу ренесанси вајари и уметници, како Да Винчи, Миленаџело и Рафаело, користеле токму златен просек за да постигнат посакувана рамнотежа и хармонија во своите дела.
Пред се, лицето на убавата личност треба да биде приближно 1,6 пати долго и широко. Второ, оддалеченоста помеѓу линиите на челото и дното на брадата треба да се поделат на три еднакви делови. И за крај, тука се уште неколку пропорции кои можат да влијаат врз привлечноста – на пример ширината на очите треба да биде еднаква помеѓу растојанието на очите.
Доктор Хулиан де Силва ги проучувал лицата на познатите дами и еве кои резултати ги постигнал:

Ова се познатите дами кои се најблиску до совршенство:

Натали Портман 90,51%

Кара Делевин 89,99%

Кети Пери 90,09%

Кејт Мос 91,05%

Тејлор Свифт 91,64%

Ариана Гранде 91,81%

Амбер Херд 91,85%

Бијонсе 92,44%

Бела Хадид е најприближна со потполно поклопување и идеален просек 94,35%